23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Што и’ се случи на Италија? Зошто толку е погодена од коронавирусот?

Високата смртност од коронавирус во Италија е условена од големиот број стари лица и слабата свесност за симптомите на болеста.

Ова го изјави претставникот на СЗО во Русија Мелита Вујновиќ, која додаде дека луѓето едноставно не сфаќале дека се болни, не знаеле какви се симптомите и со кого да контактираат.

Портпаролката на СЗО изјави дека во некои земји од 80-годишна возраст, смртноста од коронавирус може да достигне 14 проценти, пренесува Спутник.

Кај децата, како по правило, болеста се јавува во поблага форма и е слична на вирусна респираторна инфекција, рече таа.

Во Италија 21157 лица биле заразени со коронавирус, а 1.441 починале.

Спонзорирано: