23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Од вечерва Косово во вонредна состојба

Премиерот Албин Курти го одобри барањето на Министерството за здравство да прогласи вонредна состојба на цела територија на Косово.

Преку одлука Курти објави дека сите институции на Владата на Република Косово треба да постапуваат во согласност со националниот план за одговор, а Министерството за здравство е одговорно за итно управување со јавното здравство.

Одлуката стапи на сила веднаш.

Бројот на заразени од коронавирусoт во Косово се зголеми на девет лица

Четири нови случаи на заразени од коронавирусот се откриени денеска во Косово, со што, два дена по појавување на првите два случаја, бројката на лица носители на Ковид-19 во земјата се зголеми на деветмина.

Информацијата вечерва, преку својата страница на Фејсбук, ја објави косовскиот министер за здравство Арбен Витиа, кој побара од премиерот Албин Курти да ѝ препорача на Владата да прогласи вонредна состојба во јавното здравство.

Спонзорирано: