25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Известување до родителите: Итни случаи со висока температура ќе се примаат во „Козле“

Клиниката за детски болести ги известува родителите дека во случај на потреба своите деца со покачена телесна температура да треба да ги однесат на лекар тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“.

Соопштението од Клиниката за детски болести го пренесуваме во целост:

Ги известуваме сите родители и матични лекари кои од утре ќе имаат итна потреба децата со температура да ги донесат во болница, тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“.

Исто така, ако има деца кои живеат во регионот кој сега е ставен под режим за движење(дебарско), за преглед да се упатуваат кон Институтот, со предходна најава.

Ова е одлука на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се заштитат децата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести.

Институтот Козле има капацитет да ги згрижи децата со температура, суспектни на коронавирус и децата кои доаѓаат дебарскиот регион.

Хоспитализираните пациенти кои сега се во Козле во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести.