Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Скопјанец измамен во менувачница за 25.000 евра: Наместо пари му дале хартиени ливчиња

На 04.05.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје Х.М.(34) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.

Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња. Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК