Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Манчевски за Канал5: ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, гласаа за Република Северна Македонија во НАТО, а се против уставното име

ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги спречи случаите од СЈО да поминат во обвинтелството, а со тоа да имаат разрешница, тоа беше јасно и недвосмислено, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Јасно е и конкретно, дека Законот за ЈО е клучен за ЕУ, потврда за тоа беше излегувањето на Европската комисија, америчката амбасада и Германија кои го поздравија и го оценија како позитивен чекор за владеење на правото во државава.-посочи Манчевски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ треба да каже што планира, дали е за укинување на овој закон, а главен јавен обвинител треба да биде токму нивни предлог.

Ако сакаме да поставиме владеење на право, мора да поставиме повисоки стандарди, од ова зависи иднината на оваа држава. –истакна Манчевски.

Тој го посочи лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ дека од една страна гласаат за прием на НАТО на Република Северна Македонија, како и за Изборниот законик и Законот за АРМ и ред други закони, претставници се на граѓаните во Собранието на Република Северна Македонија, а зборуваат за неприфаќање на уставното име.

Манчевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ги манипулираат граѓаните, со укинување на Договорот од Преспа ако дојдат на власт, а треба да бидат искрени и да кажат дека такво нешто како членка на НАТО, би имало големи негативни последици за државата и токму благодарение на овој Договор се откочи и членството во НАТО и можноста за отпочнување на преговори со ЕУ.