Centar.mk
SHOWBIZИЗБОР

Тамара Тодевска во новата кампања на Европската Унија за „Европејците кои прават разлика“

Тамара Тодевска е дел од најновата кампања на Европската унија наречена
„Европејците кои прават разлика“.

Кампањата има цел да им ги претстави на граѓаните на Европската унија
иновативните и талентирате жени од Западен Балкан.

Освен Тамара, во оваа кампања свое претставување имаат и Маја Раишевиќ од
Црна Гора, Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Детина и Аргита Зали од
Албанија и Наташа Ковашевиќ од Србија.

Како дел од кампањата, Тамара ќе има и свој настап во Брисел на 5. март.

Инаку, на минатогодишната Евровизија во Израел, Тамара ги сруши сите рекорди
на сите евровизиски претставници од Македонија. Таа го постигна најдобриот
резултат на земјава во финалето и полуфиналето, најдобриот пласман досега и
беше првиот победеник од жирито од Балканот.

https://www.facebook.com/EuropeanExternalActionService/videos/232736894423317/?vh=e

Можеби ќе ве интересира

ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: ПАРИ ЗА ЕДЕН ЗНАК, ЉУБОВНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДРУГ – Неделата носи одлуки што долго се одложувале

ДЕСК

ДВЕ РАСПРОДАДЕНИ ВЕЧЕРИ, ЕДНА ЗАЕДНИЧКА ПОРАКА: Екотип и Дарко Рундек, „Хаустор“ и екипа за бистрите извори

ДЕСК

ЗАМИНА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МУЗИЧКИ ЛЕГЕНДИ: Почина Мишо Ковач

ДЕСК