20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мукоски до Милошоски: Се претворивте во партија како Златна Зора или Радикалите на Шешељ

Собраниската седница денеска продолжи со жестоки препукувања меѓу довчерашните сопартијци, Антониjо Милошоски и Крсто Мукоски.

– Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ е заложник на два-тројца криминалци како вас и што се претворивте во партии како Златна Зора во Грција или Радикалите на Шешељ. А фирмата постои од 1974 година, ја „тресеа“ 6 месеци УЈП и сите инспекции, и пак нека дојдат да истражуваат. А уште од самото основање, патот на партијата ВМРО-ДПМНЕ е кон ЕУ струкури, ова не беше основата – изјави Крсто Муковски од собраниска говорница.