5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Крсто Мукоски доби аплауз во Собрание – За несвесната грешка за 27-април си го одлежав своето

На денешната собраниска седница Антонио Милошоски обвини дека пратеникот Крсто Мукоски добил 4 милиони евра тешки тендери, сакајќи да покаже дека власта на тој начин купува пратеници.

Според Милошоски оние кои го нарекуваа терорист сега му се пријатели. Мукоски според Милошоски со Груевски на митинзи викал дека нема да го смени името , а сега се фалел дека се ќе продава и ќе се сели во Белград.

На ова му реплицира Мукоски кој обвини дека ВМРО -ДПМНЕ е заложник на два три криминалци.

За несвесната грешка за 27-ми април си одлежав, жалам што такви како тебе не одговараат! Фирмата ми ја тресеа УЈП и инспекции и ништо не најдоа. Вие делувате како Златна зора или партијата на Шешељ- рече Мукоски.
Во моментот кога зборуваше за криминалот на ВМРО и дека на 27 април Милошоски и остнататите се криеле во собраниските канцеларии доби аплауз од пратениците.

Милиошоски реплицираше дека ги изневерил гласачите и за да се спаси од прогон го продава името и е заедно со актуелната власт.

Спонзорирано: