5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов до Милошоски: Почнувате да менувате бои, жолт,зелен, црвен – Мислам дека нема потреба колега Антонио во јавноста да зборуваме за разговорите кои што ги имате со Бетон Штип, со Езимит Штип, за реконструкциите, за купувањето на амбасадите

Добро е во јавноста да се види нервозата кај ВМРО ДПМНЕ од носењето на законот за јавното бовинителство, доброе тоа да се види. Колега Милошоски вие ли ќе ни зборувате за правда овде во државата? Имате образ? Вие колега Милошоски се најдовте повикан да ја штитите и да ја браните правната држава која што вие ја уништивте, па сега ќе правиме драмолетки ќе пишуваме хамери, чувајте ги еден ден ќе ви требаат и хамерите, му порача Костадин Костадинов од СДСМ на Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

– Велите имаме бомби, па што чекате, што не ги објавите, што не ги поднесете до обвинителството, па нека се отвори случај? Не се веќе правосудните институции тоа што беа во ваше време, па имавме можност да слушнеме токму вие како нарачувате лустрација колега Милошоски? И вие сега за правна држава зборувате и ќе си одговарате за тоа.

Гледам деновиве откако почна целиов овој процес околу носење на законот за јавно обвинителство вие почнувате да менувате бои, жолт,зелен, црвен, колега Антонио за мене и за јавноста тоа е материјален доказ дека се правите од криминал кој што ќе го сториле. Мислам дека нема потреба колега Антонио во јавноста да зборуваме за разговорите кои што ги имате со Бетон Штип, со Езимит Штип, за реконструкциите, за купувањето на амбасадите, свесен сте за тоа гледам дека потврдувате.

Овој закон ќе помине, овој закон со сигурност претставува своевидна борба на правдата, наспроти криминалот. Тешко е, мачно е, тероризирате, уценувате, провоцирате, се заканувате на овде наши колеги во собранието, доколку го поддржат законот. Нема да ви помине, нити тероророт, нити заканите нити уцените. Република Северна Македонија ќе биде правна држава, рече Костадинов.

Повеќе во видеото: