17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

АНАЛИЗА: Волкот влакното го менува, ама табиетот не – Мизрахи и ВМРО ДПМНЕ против ЕУ и НАТО

Нема да беше чудно доколку техничката министерка Рашела Мизрахи од ВМРО ДПМНЕ ја поставеше таблата со името Република Македонија, а притоа комуникацијата на претставници на ВМРО ДПМНЕ со претставници на ЕУ и НАТО не беше дволична, туку јасна и концизна со јасен став за актуелната ситуација. Зошто ВМРО ДПМНЕ јасно не каже дека ќе го врати старото име Република Македонија во Уставот и ФИРОМ за меѓународна употреба.

Чудно е тоа што пред меѓународните претставници актуелната опозиција ветувала дека ќе го почитува Преспанскиот договор, а за политички потреби во внатрешноста се креира слика дека ВМРО ДПМНЕ е таа политичка опција што ќе го вратела старото име Република Македонија и БЈРМ за надворешна употреба, и тоа онака површно, без детали дали со тоа значи дека Македонија се откажува од ЕУ и НАТО, како и од членството во Обединети нации, бидејќи за да го заддржиме членството во Обединетите нации ќе мора да останеме со актуелното име, а ВМРО ДПМНЕ најверојатно ќе нема шанси да издејствува враќање на акронимот ФИРОМ за меѓународна употреба и Република Македонија за оние што сакаат да ословуваат Македонија така.

Последните политички игри на опозицијата биле вистински шок за високи претставници на Меѓународната заедница, бидејќи од опозицијата едно зборувале пред нив, а истата таа опозиција играла други игри внатре во Македонија, враќајќи ги националистичките теми, што понатаму можат да ја отворат пандорината кутија и да ја вратат во игра меѓуетничката нетрпеливост и лажен патриотизам, како одлична формула за владеење на еден класичен националистички режим.

Западните држави не се од вчера и се свесни дека опозицијата меѓу членството разгорува анти-западна атмосфера
Опозицијата игра опасна игра обидувајќи се да го минира членството на Македонија во НАТО во корист на некои други сили, а до најниските партиски ешалони се праќа порака дека западот е непријател број еден на македонскиот народ, што е голема лага и обид за добивање на националистички поени кои можат да ја чинат многу скапо иднината на нашата земја и на граѓаните кои имаат само еден – МАКЕДОНСКИ пасош.

Меѓународната заедница не е од вчера и е многу свесна за актуелната ситуација во која се прави обид да биде втурната Македонија.

Аналитичарите велат дека во целава приказна позитивно е тоа што “волкот” e откриен навреме.