23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Анализа: Зошто народот се ежи од самата помисла за евентуално враќање на режимот?

Не се далеку времињата кога Македонија беше целосно изолирана, а во земјава царуваа криминалните режимски структури кои прислушкуваа, уништуваа судбини на цели семејства, неправедно апсеа и правеа полициски местенки, ликвидираа бизниси со високи казни, платите беа замрзнати, а трошоците за живот беа се повисоки.

Времињата кога граѓаните, но и медиумите не смееја да го спомнат името на диктаторот во негативен контекст, во спротивно ги чекаше “пиштење – вриштење”.

Да не заборавиме дека во тие 11 години режим животот во Македонија стана неподнослив, дури и за тие кои беа на “вистинската” страна на режимот, да оние граѓани кои за “Уши” беа носени на митинзи за смешно сокче и сендвич, на гласање за 500-1000 денари, да оние функционери кои мораа да потпишат се’ што ќе им беше наложено, па макар и да го кршат законот, во спротивно знаеаја каде ќе се најдат.

Добро ќе се сетат и членовите на опозициската партија дека денес живеат мирно, достоинствено со повисоки плати, без тензии, можат да кажат не, кога не сакаат да одат на митинг, можат да аплицираат за субвенции и да добијат, не треба да плаќаат радиодифузна такса, плаќаат поевтина струја, имаат за 300 проценти повисока социјална помош, можат да најдат добра работа за драстично повисока плата од пред три години.

И за крај денес не е забрането члновите на опозициската партија да седнат на иста маса со човек од друга политичка партија, денес не ви значи ништо ако остатоците од мрачниот режим ви извадат фотографија и ве презборат за тоа како пиете кафе со стар пријател од другата политичка партија… бидејќи тие поделби ги нема.

Општеството и бизнисот се релаксирани од меѓуполитичките и меѓуетничките поделби и тоа е најголемиот страв за националистите, бидејќи нив национализмот им е единствената сламка преку која дишат потонати во сопствената немоќ да понудат нешто добро што би било за добробит на сите, а не само на заштита на криминалот.