22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Новороденче од Кина заразено со коронавирус само 30 часа по раѓањето

Новороденче во Кина е дијагностицирано со коронавирус само 30 часа по раѓањето, што го прави најмладото заразено лице со вирусот досега, јавуваат медиумите.

Бебето е родено на 2 февруари во Вухан, град во централна Кина каде првобитно беше дијагностициран вирусот.Мајката на бебето била позитивна на вирусот, покажаа тестовите, но не е јасно како болеста се пренела на бебето – дали додека било во матката или по раѓањето.

Мала е бројката на деца коишто се заразени со вирусот, кој досега уби 563 лица и зарази 28.018 лица, најмногу во Кина. Според државната новинска агенција Ксинхуа, бебето, кое тежело 3,25 килограми при раѓање, е во стабилна состојба и е под надзор.

Медицинските експерти велат дека тоа можело да биде заразено уште додека било во матката.

„Ова покажува дека коронавирусот може да се пренесе од мајка на дете“, изјави шефот на Одделот за новороденчиња во болницата во Вухан, новороденче, Зенг Лингконг.

Но, постои и можност бебето да се заразило по раѓањето поради близок контакт со мајката.

„Сосема е можно бебето да го добие вирусот многу конвенционално – со вдишување на капките вирус што дошле од мајката при кашлање“, вели епидемиологот од Универзитетот во Колумбија, Стефан Морс за Бизнис Инсајдер.

Многу малку деца се позитивни за коронавирус, што беше случај и со други појава на коронавирусни епидемии во поновата историја, вклучувајќи ги САРС и МЕРС.Најголем број на заболени пациенти се на возраст меѓу 49 и 56 години./Makfax