Centar.mk
БИЗНИС

Kанадска компанија потврди дека има богато лежиште на злато во јужна Србија

Канадската истражувачка фирма „Медголд рисорсис“, која претходно навести дека во јужна Србија, по должината на границата со Бугарија и Македонија, пронашла одлични индикатори дека во тој крај има богати наоѓалишта на скапоцени метали во областа, сега ги потврди тие резултати, пренесува „Новости“.

Само на една локација во рамките на проектот наречен „Тламино“, тие пронајдоа околу седум милиони тони руда, со околу 680.000 унци односно 19,3 тони злато, вредни нешто повеќе од една милијарда долари, а испитувањата во областа продолжуваат и понатаму.

Како што е утврдено, просечната содржина на злато на локацијата е околу три грама на тон.

Инаку, како дел од проектот Тламино, „Медголд рисорсис“ открил и слој на руда од околу 40 метри што содржи 8,32 грама злато на тон и неверојатни 193 грама сребро на тон./Makfax

Можеби ќе ве интересира

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

C +

Прогноза на ММФ: Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

C +

„Гардијан“: Велика Британија би можела да изгуби 250.000 работни места до 2027 година

C +