11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина сака Германија да управува со нејзините железници во рок од 10 години

Украина планира своите железници да ги отстапи на „Дојче бан“ на десетгодишно управување, изјави денеска украинскиот премиер Алексеј Гончарук за време на настанот именуван како украинскиот појадок во Давос.

„Да, сакаме да ѝ дадеме на Германија контрола над железницата во период од 10 години“, рече Гончарук.

Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Дојче бан“.

Премиерот тогаш рече дека станува збор за логично продолжување на планот за реструктукција на украинските железници, кој претседателот Володимир Зеленски го најави минатиот септември.

Гончарук истакна дека во овој случај не станува збор за изнајмување или продажба на украинските железници./Makfax

Спонзорирано: