12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит, објави Си-ен-ен.

Змијата позната како кинески краит или тајвански краит е отровна змија што живее во централните и јужните делови на Кина и југоисточна Азија. Болеста првпат е пријавена во градот Вухан во декември 2019 година, а од тогаш нагло почна да се шири. Од тогаш многу патници од Вухан заразиле многумина во Кина, но и во други земји, меѓу кои и САД.

Истражувачите користеле анализа на кодови и ги споредиле со протеински кодови на корона вирусот, кој се наоѓа во разни животни, како птици, змии, ежови и лилјаци, а откриле дека протеинските кодови на корона вирусот пронајден кај луѓето се најслични на оние што се пронајдени кај змиите.

Змиите често ловат дивеч, а според некои извештаи, на локалниот пазар за морска храна во Вухан се продавале и змии, што ја зголемува можноста дека вирусот преминал од домаќинот лилјак на змиите, а потоа и на луѓето, што довело до ширење на вирусот.

На почетокот се сметаше дека вирусот се пренесува само од животни на луѓе, но сега се појавуваат сè повеќе случаи на пренесување од човек на човек, а се јавува и меѓу членови на семејство и кај медицинскиот персонал, кој се грижи за заразените пациенти.

„Имаме 14 заразени здравствени работници, што сугерира дека потенцијалот за ширење на вирусот е многу поголем“, рекол доктор Јан Липкин, директор на Центарот за имунологија и инфектологија на Универзитетот „Колумбија“.

Корона вирусот често се населува во лилјаците, без да им наштети, а понекогаш се преместува од еден на друг животниски вид, а потоа и на луѓето.

Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) објави дека развојот на нови вакцини против корона вирусот, од кој досега починаа 17 луѓе, ќе трае најмалку една година./Makfax

Спонзорирано: