8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

СЗО свика итен состанок поради корона вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) утре ќе одржи вонреден состанок, со цел да се процени дали треба да прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот вирус во Кина.

Состанокот е свикан, откако експертите потврдија дека корона вирусот може да се пренесе од човек на човек, а заразен е медицински персонал, јави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

Болеста има симптоми што наликуваат на воспаление на белите дробови, вклучително и зголемена температура и проблеми со дишењето.

Во Кина досега починаа четири лица од овој вирус./Makfax