Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Законските измени обезбедуваат подобри услови за работа во Армијата

Измените во Законот за служба во Армијата усвоени на предлог на Владата обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

„Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80 отсто од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање. Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање“, појаснуваат од СДСМ.

Владејачката партија оценува дека измените на Законот овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК