8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешниот директор на Интерпол осуден на 13 години затвор

Поранешниот директор на Интерпол, Менг Хонгвеј, е осуден денеска на суд во Кина на 13,5 години затвор за земање мито.

Менгу беше осуден во судот во Тијанџин, северна Кина.

Поранешниот шеф на Интерпол се изјасни за виновен минатиот јули.

Во март минатата година, владејачката Комунистичка партија објави дека истрагата открила оти Менг потрошил огромни суми од државни фондови, ја злоупотребил својата положба и одбил да ги почитува партиските одлуки, потсетуваат агенциите.

Кон крајот на 2018 година, Интерпол објави дека Менг поднел оставка на чело на светската полициска агенција./Makfax