5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Отворена Канцеларија за социјални работи во Јегуновце

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска ја посети новоотворената Канцеларија за социјални работи во Општина Јегуновце. Канцеларијата е дел од мрежата на канцеларии што МТСП ги отвори во соработка со општините за да ги доближи социјалните услуги до граѓаните.

„Навистина ми е драго што Општина Јегуновце и уште педесетина други рурални општини добиваат вакви канцеларии. На овој начин како Влада обезбедуваме еднаков пристап на сите граѓани до социјалните права и услуги. Канцелариите за социјални работи ќе значи дека жителите од Општина Јегуновце нема да треба да патуваат до Центарот за социјални работи во Тетово за да поднесат барање за користење на социјалната помош и да остварат друго право од системот за социјална заштита, туку аплицирањето ќе може да го направат во општинската канцеларија”, изјави Шкријељ.