23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Не дочека да ја види правдата: Почина судијата кој беше лустриран по нарачка

Не дочека да ја види правдата.

Почина Драги Билески судијата кој беше лустриран , а осомничен за нарачката за таквата лустрација беше функционерот на ДПМНЕ – Антонио Милошоски.

Во Кичево, викендов беше погребан поранешниот судија Драги Билески кој беше лустриран.

СЈО во предметот „Моќник“ токму за овој случај на лустрирање, го осомничи пратеникот Антонио Милошоски.

Билески беше лустриран во процесот на лустрација, но ја доби државата на Европскиот суд за човекови права затоа што не му била овозможена фер постапка и не биле земени во предвид доказите кои се во негова полза.

Бомбата која ја објави СДСМ во 2015-та година:

https://fbwat.ch/1bb01a2wSZpolKoL

Социјалдемократите повторно деновиве ја актуелизираа темата за лустрацијата, откако таа беше укината пред две години, пратениците на СДСМ поднесоа Закон со кој лустрацијата ќе биде поништена, но наидоа на силен отпор кај режимската опозиција.

За време на режимот беше извршена лустрација на одредени лица во општеството, најчесто на удар беа личности кои беа неистомисленици на режимот на Никола Груевски. На удар беа Владимир Милчин кој што беше носител на функцијата директор на Фондацијата Отворено Општество Македонија, која пак во тој период беше доста активен коректор на режимот и поддржувач на последните критички медиуми во тоа време, лустриран беше и Уставниот судија Трендафил Ивановски, а на удар беа Ѓунер Исмаил, Љумобир Фрчкоски и дузина други неистомисленици на тогашната власт.

Спонзорирано: