Секогаш во средиштето на збиднувањата...

“Медена земја” пиратски објавен и прогласен за “северџански” филм?!

Денес, портали кои се со години дел од оркестрирана пропагандна машинерија блиски до опозицијата, го објавија линкот што води до целиот филм „Медена земја“, мошне кусо откако тој беше објавен пиратски на Јутјуб.

Со тоа се предизвика лавина од споделувања на пиратираниот филм на социјалните мрежи и се нарушија брутално авторските права на македонските филмски работници, кои направија историски успех за македонскиот филм и освоија 2 номинации за Оскар.

Но, тоа не беше доволно. На Фејсбук страниците на овие портали на социјалните мрежи, на кои беа објавени линковите кои водат до филмот, коментатори со препознатлива партиска иконографија се нафрлија на „Медена земја“, прогласувајќи го за „северџански филм“, во кој немало „ништо македонско“!

Освен тоа, не недостасуваа и коментари на „познатите адреси“, алудирајќи дека филмот е награден поради тоа што се вика „Медена земја“ и не ја спомнувал Македонија, односно дека на тие што „даваат номинација им одговара оваа земја да нема име“!

На предупредувањето кон „Република“ од самиот продуцент на филмот Георгиев на нивната ФБ страница, дека за тоа што го чинат може да се соочат со тужба, стигна одговор и оправдување од друг коментатор – наводно, веќе многу лавни личности го споделиле линкот, а и дека „луѓето верувале“ дека продукцијата сама го објавила филмот. Какво апсурдно, но прикриено обвинување? Зарем продукцијата и екипата сакале сами на себе да си направат голема материјална штета ?!

Маркетинг