11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Португалија запленети 3,5 тони хашиш

Во Португалија запленети се 3,5 тони хашиш, што е втора заплена на голема количина дрога, откако пред три дена беа откреиени 825 килограми кокаин.

Хашишот, чија пазарна вредност се проценува на повеќе од осум милиони евра, пронајден е на рибарски брод пресретнат крај брегот на Атлантскиот Океан.

За хашишот се вели дека е од Северна Африка, а од Португалија требало да се дистрибуира во други европски земји.

Од шест мажи, уапсени се петмина, сите, освен еден државјанин на Португалија.

Во операцијата учествувале припадници на воздухопловните сили и морнарицата, а помогнале и властите од соседна Шпанија.

Португалската полиција неодамна откри и заплени 825 килограми кокаин, скриени во пратка со банани од Јужна Америка.

Кокаинот, чија вредност беше проценета на 30 милиони евра, беше скриен во контејнери со банани, што требало да пристигнат во други делови на Европа./Makfax

Спонзорирано: