8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Десетгодишни деца зависници од дрога во Косово

Во рамките на остварувањето на своите законски овластувања и одговорности, народниот правобранител на Косово објави извештај со препораки за употреба на наркотици од страна на децата. Народниот правобранител, по разгледувањето на законодавството, меѓународните инструменти и информации добиени од разни институции и невладини организации и расположливите податоци, проценува дека употребата на наркотици од страна на децата е загрижувачка појава додавајќи го фактот дека старосната граница на корисниците значително се намалила, па дрогата успеала да допре и до деца на 10-годишна возраст.

Исто така, во овој извештај народниот правобранител констатира дека постои недостиг на специјализирани центри за третман на млади кои се корисници на дроги и недостиг на соодветни програми за превенција, како и недостиг на услуги за лекување на корисниците.

Народниот правобранител констатира дека недостига стручен кадар во центрите за социјална работа, кои се занимаваат со случаи на деца што се корисници на дрога. Извештајот дава конкретни и специфични препораки во врска со постапките што треба да ги преземат Министерството за здравство, косовската полиција, Министерството за труд и социјална заштита, Министерството за образование, наука и технологија, косовскиот Судски совет и косовското Обвинителство со цел да се подобри сегашната состојба./Makfax

Спонзорирано: