25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Јапонија извршена смртна казна врз странец

Во Јапонија е погубен четириесетгодишниот Кинез Веи Веи, кој беше осуден за убиство на четиричлено семејство, што е прво погубување странец откако во 2007 година почна откривањето на деталите за казната, соопшти Министерството за правда.

Меѓу убиените имало две деца, 11-годишно момче и осумгодишно девојче. Веи Веи ги извршил убиствата во 2003 година со двајца соучесници, исто така Кинези. Другите двајца избегале во Кина, каде што биле уапсени. Едниот бил погубен во 2005 година во Кина, а другиот бил осуден на доживотен затвор, јавуваат медиумите.

Јапонија е една од само две држави во групата развиени држави Г7 што ја задржа смртната казна – со Соединетите Држави – и огромното мнозинство на јавноста тоа го поддржува.

Смртната казна во Јапонија се изведува со бесење. На осудените лица не им се кажува денот на извршувањето до утрото на денот кога ќе се изрече казната./Makfax