12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Се преврте брод во Турција, загинаа седум мигранти

Најмалку седум мигранти загинаа утринава во бродолом што се случи во езерото Ван, во источна Турција. Бродоломот се случил три часа по полноќ во близина на Битлис, а потонал брод со 71 мигрант, без документи. Спасувачките екипи ги извлекле телата на седуммина мигранти и спасиле 64 мигранти.

Станува збор за мигранти по потекло од Пакистан, Авганистан и од Бангладеш.

Турција се наоѓа на главната рута што ја користат мигрантите од Азија и Блискиот Исток. Само минатата година турските безбедносни сили запреа 268.000 мигранти без документи./Makfax

Спонзорирано: