20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп за „божиќниот подарок“ на Северна Кореја: Можеби ми пратиле некоја убава вазна

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли предупредувањето од Северна Кореја дека ќе му испратат „божиќен подарок“ во вид на нуклеарен проектил, велејќи дека САД знаат како да се справат со тоа.

„Ќе откриеме какво е тоа изненадување и ќе го решиме многу успешно“, рече Трамп пред новинарите во одморалиштето Мар-а-Лаго. „Ќе видиме што ќе се случува“, додаде тој.

„Можеби тоа е убав подарок“, се пошегува претседателот. „Можеби ми испратле убава вазна, а не ракетен тест“.

Северна Кореја на почетокот од месецов го предупреди Вашингтон дека може да му испрати „божиќен подарок“, откако Ким Џонг-ун им даде на САД рок до крајот на годината за да предложат нови отстапки во преговорите.

Северна Кореја го обвини Вашингтон дека се обидува да ги одложи разговорите за денуклеаризација во пресрет на претседателските избори во САД следната година, при што официјален Пјонгјанг истакна дека само од САД зависи каков божиќен подарок ќе изберат.

Американските воени чиновници веруваат дека Северна Кореја би можела да тестира проектил со долг дострел, што не го направила од ноември 2017 година.

Трамп и Ким се сретнаа трипати од 2018 година, но не беше постигнат значителен напредок.

Северна Кореја се обидува да ги укине меѓународните санкции, а САД од земјата очекува прво да се откаже од нуклеарното оружје./Makfax

Спонзорирано: