14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џихадисти во Буркина Фасо убија 35 цивили

Во напад на џихадистите на северот од Буркина Фасо се убиени 35 цивили, од кои повеќето жени. Во судирот со силите за безбедност се убиени и 80 напаѓачи, соопшти претседателот на земјата Рок Марк Кристијан Каборе.

„Херојската акција на нашите војници овозможи неутрализација на 80 терористи. Овој варварски напад резултураше со смрта на 35 цивили, од кои повеќето се жени“, Каборе.

Во судирот во градот Арбинда, во непосредна близина на границата со Мали, погинале и седум припадници на силите за безбедност./Makfax

Спонзорирано: