Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Едно лице загина во пожар во Велес, изгоре куќа – споменик на културата

Едно лице загина во пожар кој избувнал синоќа во куќа во велешката населба Варналиите.

Според првичните информации загинал сопственикот на куќата, на возраст од околу 80 години. Куќата што изгорела е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век.

Пожарот избувнал околу 23 часот. На велешките пожарникари им помагале колеги од Скопје и од соседните градови.

Денеска се очекува јавен обвинител да изврши увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот./Makfax

Спонзорирано: