11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Филипини: Уапсени 342 кинески државјани поради нелиценцирано коцкање

Властите на Филипините соопштија дека уапсиле 342 кинески државјани во рација спроведена поради нелиценцирано коцкање.

Тие биле уапсени во регистрирана компанија за коцкање која сè уште не добила дозвола од државен регулатор за коцкање.

„Имавме причини да се сомневаме дека компанијата е параван за нелегални кибер-активности и инвестициски измами“, рече Фортунато Манахан, шеф на одделот за разузнавање на Бирото за имиграција.

Лиценцираното онлајн коцкање беше воведено во 2016 година, меѓутоа нелегалните бизниси привлекоа голем број кинески мигранти, а агенциите за спроведување на законот и кинеската влада се сомневаат дека некои од нив се параван за криминал, вклучително и перење пари./Makfax

Спонзорирано: