10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Повеќето Германци би се откажале од новогодишни светлечки украси за спас на планетата

Поголем дел од Германците се подготвени да го намалат бројот на светлечки лампиони и украси за новогодишните празници за да се заштити планетата, покажало најновото истражување.

Вкупно 57 отсто од испитаниците во анкетата, што ја нарачала агенцијата ДПА, рекле дека би го намалиле бројот на светлечки лампиони во своите домови или дури би биле и без нив во иднина.

Од нив, 11 отсто на тоа би биле подготвени уште овој Божиќ. Но има и 35 проценти од оние кои никако не го прифаќаат тоа, ни сега ни во иднина.

Сепак, мислењата се поделени во однос на тоа дали треба помалку светлечки украси на јавните згради и на улиците. По 44 отсто од испитаниците се за и против. Светлечки декорации за време на божикните празници сакаат поголем дел од Германците или 79 отсто. Но исто така и голем дел од нив сметаат дека треба да се украсува умерено./Makfax

Спонзорирано: