11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Објавена снимка од двоминутен грабеж на златарница во Сплит

Накит во вредност од околу 130.000 евра е украден од златарница во центарот на Сплит, а хрватските медиуми објавија снимка од надзорните камери од која може да се забележи дека грабежот траел две минути.

Снимката прикажува тројца разбојници облечени во бели комбинезони, со ракавици, кои се опремени со воки-токи, а еден од нив има и слушалки.

Тие го спакуваа накитот во големи торби кои ги ставија на пултот, а грабежот траеше помалку од две минути, пренесува хрватски „Индекс“.

Сплитската полиција потврди дека е украдена голема количина накит, дека е спроведен увид и дека се трага по сторителите.

Сопственикот на познатата сплитска златарница изјавил дека вредноста на украдениот накит е околу еден милион куни, односно околу 130.000 евра.

Тој нагласил дека крадците го знаеле кодот за безбедносната врата и откако ја отвориле го искршиле стаклениот излог, по што слободно влегле и го извадиле златото од витрините, а ја зеле и касата./Makfax

Спонзорирано: