13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американка умрела за време на секс во катна гаража, смртта е сомнителна

Полицијата од Џу Џерси ја истражува смртта на млада девојка која била пронајдена мртва во саботата рано наутро во автомобил паркиран на најгорниот кат од гаражата на луксузен станбен комплекс, пренесе „Њујорк пост“.

Обвинителот од округот каде што починала девојката рекол дека станува збор за сомнителна смрт.

Полицијата добила повик дека девојката е мртва в сабота, околу два часот по полноќ. Таа претходно било на забава за Ноќта на вештерките во петокот навечер, изјавил еден сосед.

Забавата ја напуштила со момче на возраст од дваесетина години, јавија медиумите повикувајќи се на полициски извори, а и натаму не е јасно дали тие се познавале од претходно или се запознале истата вечер. Момчето во полиција признало дека на забавата и двајцата консумирале лекови кои можат да се добијат со рецепт. Во еден момент, додека имале односи, девојката се онесвестила и починала на покривот на двокатната гаража.

Полицијата се обидува да открие дали станувало збор за секс со согласност, дали смртта ја предизвикале лековите и дали девојката доброволно ги зела истите./Makfax

Спонзорирано: