14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја истрела две ракети во Јапонското Море

Северна Кореја денеска истрела две ракети кон Јапонското Море, соопштија заедничките началници на штабот на Јужна Кореја, јавува новинската агенција „Кјодо“.

Како што пренесува АП, оваа последна акција на Северна Кореја следува по изјавите на незадоволство поради бавното темпо на нуклеарните разговори со Соединетите Држави и бара администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги олесни санкциите и притисокот врз Пјонгјанг.

Претходно овој месец, Северна Кореја за прв пат во три години тестираше подводна балистичка ракета.

Кјодо известува дека ова е 12. ракета што Северна Кореја ја истрелала од мај./Makfax

Спонзорирано: