17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдени 400 килограми дрога во шишиња со лут сос во Австралија

Австралиската полиција пронајде 400 килограми кристал метамфетамин сокриен во шишиња со лут сос. Во аксијата уапсени се четворица мажи.

Властите соопштиле дека дрогата која пристигнала од САД во Сиднеј, е вредна 300 милиони долари. Уапсените се на возраст од 30, 34, 36 и 45 години.

Австралиската полиција е во соработка со американските власти за да откријат кој е сопственикот на нарачаката испратена во Австралија.

Како што се наведува, дрогата била сокриена во 768 шишиња, а пратката била на пат кон лабораторија каде требало да биде извлечена дрогата од шишињата. Четворицата уапсени се опишани како клучни членови на криминалот, а се трага и по други поврзани во транспортот на дрогата.

Како што се наведува, ставената дрога во лутиот сос е софистициран процес, кој бара познавање од хемија од страна на оние кои ја испратиле но и од оние што ја примиле пратката./Makfax