Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Еден повреден при судир на возило и автобус кај Арачиново

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 12.55 часот на регионалниот пат Скопје – Куманово, кај селото Арачиново. Сообраќајната несреќа се случила меѓу возило „фолксваген бора“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В. и автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.В., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје./Makfax