5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Жител на Прешево тешко повреден по пад од мопед во Липковско

Вчера во 15.30 часот на локалниот пат с.Слупчане-с.Ваксинце, кај место викано „Чешмиче“, општина Липково, Х.Б.(58) од Прешево, Репучбика Србија, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата Х.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, информира полицијата./Makfax