10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Русија ја поддржува легитимната власт во Венецуела

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Москва ги поддржува сите легитимни органи на власта во Венецуела, вклучително и институцијата претседател, како и дијалогот меѓу претседателот Николас Мадуро и опозицијата.

„Русија константно ги поддржуваше сите легитимни органи на власта во Венецуела, вклучително и институцијата претседател и парламент. И ние, несомнено, го поддржуваме дијалогот што вие претседателе и владата го водите со опозициските сили “, рече Путин на средбата со Мадуро во Москва.

Според ТАСС, тој додаде дека Русија смета дека секое отфрлање на дијалогот е „ирационално и штетно“ за земјата и претставува закана за благосостојбата на населението.

Путин, исто така, укажа на соработката на Москва и Каракас во воено-техничката област, што првенствено е поврзано со обврските на Русија да обезбеди одржување на оружјето од руско производство што го купи Венецуела.

Спонзорирано: