Centar.mk
КУЛТУРА

„Слуга на двајца господари“ во велешкиот театар

Во театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес во тек се подготовките на најновата театарска продукција „Слуга на двајца господари“ од италијанскиот автор Карло Голдони, во адаптација и режија на Ненад Витанов.

„Слуга на двајца господари“ е една од најпознатите и најпопуларни комедии во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата на комедијата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви.

„Слуга на двајца господари се издигнува над површното ниво на едноставно карикирање на типизирани ликови сведени на општи драмски места, туку станува длабока општествена и критична, а понекогаш и цинична драма, која низ смеа ги провоцира и прашува гледачите за стварноста во која живеат“- потенцира режисерот Витанов.

Сценографијата за претставата е на Филип Витанов, костимите на Катерина Чукниева, а во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица П.Панчиќ, Кристијан Саздовски, Симона Димковска, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Весна Димитрова Бобевски, Кица Ивковска и Јордан Витанов.

Ова е трета продукција од годинашната програма на театарот поддржана од Министерството за култура, а премиерата се очекува кон крајот на месец октомври.

Можеби ќе ве интересира

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

ДЕСК

Со книгата „Фудбал под сенка“ продолжуваат да живеат приказните на легендарниот Васил Рингов

ДЕСК