20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожарникари со водни топови бркале пчели од прозорец на авион

Летот „743“ на „Ер Индија“, кој требало да полета од Колката, бил одложен на два и пол часа непосредно пред заминувањето кога рој пчели се собрале на прозореџот од пилотската кабина на авионот, јави Си-ен-ен.

Пчелите им го попречувале видикот на пилотите, кои не успеале да ги отстранат инсектите со помош на бришачите за ветробранското стакло.

Ројот бил успешно отстранет дури кога противпожарната служба на аеродромот употребила водни топови.

Авионот веќе доцнел 90 минути поради технички проблеми, а пчелите на патниците и на екипажот им одзеле уште еден дополнителен час.

На летот за градот Агартала во североисточна Индија, кој вообичаено трае само еден час, имало 136 патници, меѓу кои и министерот за информации на Бангладеш, Хасан Махмуд, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Аеродромот во Колката е еден од најпрометните и најмодерни во Индија, а за производство на енергија се користат сончеви колектори.

Директорот на аеродромот изјави дека по инцидентот, бил изршен темелен претрес на аеродромот, но не била пронајдена кошница со пчели додавајќи дека инсектите дошле од локација надвор од аеродромот.

Спонзорирано: