12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Алијанса за Албанците: Пресудите за Дива населба се максимални само зошто обвинетите се Албанци

Режимот ВМРО-ДУИ со цел дефокусирање на вниманието на јавноста од скандалите на таканаречените бомби, го монтираше случајот Куманово, а денес новиот режим на СДСМ и ДУИ со истата цел и за дневни политики, ги потврди невидените казни во Нирнбершкиот процес, сметаат од политичката партија Алијанса за Албанците.

„Додека пресудите продолжуваат да бидат максимални само затоа што обвинетите се Албанци, јавноста не ја дозна вистината за тоа кој бил организаторот, кој даде наредба за пукање без предупредување за предавање кон момчињата во Јуначката населба? Дали е вистина дека била издадена наредба за егзекуција на најмалку двајца учесници во конфликтот откако тие се предале, што можеле да откријат овие линчувани лица?“, јавно прашуваат од партијата на Зијадин Села и додаваат дека Албанците не можат да бидат жртвено јагне секогаш кога политичката класа во Северна Македонија треба да ги покрие своите скандали.

Од таму велат дека само меѓународна истрага би дала одговор за дилемите во врска со настаните во кумановската Дива населба и бараат истата да се случи што е можно поскоро.

Спонзорирано: