13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Груби во десетдневна посета на САД

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, од денеска до 26 септември е во работна посета на САД.

Во рамките на посетата, која е во организација на Републикански институт (ИРИ), Стејт департментот и Институтот за претставување на владата (ИПГ) во САД, Груби ќе учествува на Форумот за подобрување на транспаретноста и борбата против корупцијата.

Исто така, Груби ќе оствари и билатерални средби со конгресмени и претставници на владата на САД, на кои ќе се разговара за американската поддршка на нашите евро-атлантски процеси, политичката состојба, како и за актуелните реформи во областа на правосудството и борбата против корупцијата.

Спонзорирано: