27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола, а пожарникарите цела ноќ се борат со огнот. Во гаснењето на пожарот уште од утрина учествувааат и авиони.

Куќите во селата засега не се во опасност затоа што голем број пожарникари го опколија селото за да ги заштитат населението и куќите, пренесува грчки „Катимарини“.

На пожарникарите од Закинтос им помагаат речиси 120 колеги со 45 возила од цела Грција. Пожарот во Закинтос избувнал вчера околу 11 часот.