8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош.

Според обвинението, 46-годишната жена ноќта меѓу 1 и 2 август насилно до смрт ја задушила својата мајка, која имала 74 години.

Поради опасност од бегство, јавен обвинител до кривичниот суд испратил барање за продолжување на притворот на обвинетата.

Според информациите од полицијата, обвинетата сама се пријавила во Полициската станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство ја задавила сопствената мајка. Таа рекла дека ја убила мајка си поради меѓусебни несогласувања и расправии за финансиски средства.