Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Џонсон и Јункер во понеделник за брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се состане со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во Луксенбург, каде в понеделник ќе разговараат за брегзит, информираа од кабинетот на Џонсон.

Британскиот премиер бара нови преговори за договорот за брегзит кој неговата претходничка Тереза Меј го постигна со Брисел за планираното излегување од ЕУ на 31 октомври.

Џонсон ќе разговара и со премиерот на Луксембург, Гзавие Бетел.