24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес почувствуван во БиХ и Хрватска

Сеизмолошката служба на Република Хрватска денеска забележала посилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер со епицентар кај Тузла во БиХ, кој се почувствувал и во Славонија и Барања во Хрватска.

„Петок, 30 август, во 15.01 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар кај Тузла (БиХ), 64 километри југоисточно од Славонски Брод. Магнитудата на земјотресот беше 4,9 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот V-VI (пет-шест) степени“, се вели во соопштението на хрватската Сеизмолошка служба.

Според досегашните информации од БиХ, не е забележана поголема материјална штета, но биле уништени фасади на неколку куќи во Тузла.