23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пацоли: Среќни сме што сме на состанокот со ЕУ, Косово е меѓу пријателите

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, изјави дека состанокот во Хелсинки е можност Косово да биде помеѓу пријателите и да биде третирано рамноправно со другите земји во Европа.

„Ова е одлична можност да се биде помеѓу пријателите кои нè третираат рамноправно како сите земји во Европа“, истакна шефот на косовската дипломатија.

Беџет Пацоли, доаѓајќи на неформалниот состанок помеѓу ЕУ и партнерите од Западен Балкан што се одржува во Хелсинки, порача дека со себе носи многу поздрави од најмладата земја во Европа.

Шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини, за првпат официјално покрај министрите на земјите кандидати за членство во ЕУ го повика и претставникот на Косово да присуствува на неформалниот состанок на Советот на министрите во ЕУ, каде денеска се разговара за регионалната соработка.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој присуствува на состанокот, повикот кон Пацоли го оцени како преседан.