8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Личната секретарка на Трамп поднесе оставка, кажувала детали за неговиот живот

Личната секретарка на американскиот претседател Доналд Трамп, Медлин Вестархаут, поднесе оставка. Како што пренесува Си-ен-ен, таа се одлучила на тој чекор откако Трамп дознал дека на новинарите им кажала детали од неговиот живот.

Вестархаут работеше за Трамп од почетокот на мандатот и канцеларијата ѝ беше спроти Овалната соба, но немала право да открива детали за личниот живот на претседателот. Таа се обидела да преземе нови ангажмани во Белата куќа, но нејзините потези предизвикале незадоволство од други вработени. На новинарите во Њу Џерси им раскажала детали од животот на претседателот, но без да ги предупреди да не прават снимки.

„Во ниту еден период од историјата на нашата држава медиумите не биле толку лажливи, изопачени и корумпирани“, напиша Трамп на „Твитер“.

Пред да ѝ се приклучи на администрацијата на Трамп, Вестерхаут беше помошничка на шефот на Републиканскиот национален комитет, Кејти Волш, а подоцна стана постар советник во тимот на Трамп.