24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Раб: Бесмислено е дека суспензијата на британскиот парламент е кршење на Уставот

Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, оцени дека се бесмислени обвинувањата дека суспензијата на работата на Парламентот претставува кршење на Уставот.

За веме неговото пристигнување на состанокот во Хелсинки, на новинарите им порача дека одлуката неговата Влада да го суспендира Парламентот е законска и сосема соодветна, пренесе „Ројтерс“.

„Но луѓето всушност сакаат да видат дека ја напуштаме ЕУ, но и зборуваат за други работи кои очекуваат Владата да ги реши“, рекол Раб.

Британската кралица Елизабета Втора го одобри планот на премиерот Борис Џонсон да ја суспендира работата на Парламентот на еден месец, со што им се скратува времето на пратениците да го блокираат брегзит без договор.

Критичарите и опозицијата тоа го гледаат како противуставен чекор и обид за државен удар.