Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп: Тоа што сум претседател ме чини милијарди долари

Американскиот претседатл, Доналд Трамп, изјави дека неговата функција го чини цело богатство, јавува телевизијата Ен-Би-Си.

Според Трамп, откако е претседател на САД, тој загубил меѓу три и пет милијарди долари.

„Тоа што сум претседател веројатно ме чини меѓу три и пет милијарди долари“, изјави тој.

Трамп истакна дека дел од таа сума е потрошена на адвокати бидејќи секој ден некој поднесувал тужба против него.

Според телевизискиот канал, ваквите тврдења на претседателот не можат да бидат проверени затоа што тој нема поднесено даночна пријава.

Трамп е првиот претседател на САД кој одбва да поднесе свои даночни пријави, а според рангирањето на магазинот „Форбс“, вкупната вредност на неговиоте активи е околу 3,1 милијарди долари.

Спонзорирано: