23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен бегалец во Германија благодарение на рој иритирани оси

Германската полиција уапси бегалец денес благодарение на рој оси.

Олденбуршката полиција соопшти дека денес се случила необична операција во обид да се уапси 32-годишен маж, кој требало да издржува единаесетмесечна затворска казна.

Осомничениот, чие име не е објавено, избегал од полицијата скокајќи од балконот на станот директно во гнездо од оси.

Иритираните инсекти го нападнале човекот поради што тој побегнал на улица. Полицајците се обиделе да стигнат до него, но и нив ги нападнале оси.

Така, осомничениот успеал да се ослободи од полицијата, но не и од осите. За да избега, тој скокнал во блискиот базен, каде што на крајот бил уапсен.